Патниот правец Македонски Брод – Скопје(кај с.Близанско) е блокиран за сообраќај за сите возила, поради одрон на патот, соопштија од АМСМ.
Претходно во текот на денот, на обиколницата кај Македонски Брод имаше голем одрон од камења, меѓу кои и камена громада потешка од еден тон.
По интервенција од страна на локалната самоуправа со градежна машина, овие камења се отстранети од коловозот и сообраќајот се одвива непречено во обата правци.
Регионалниот пат Дебар – Маврово е пуштен за сообраќај, а укинати се и забраните за движење на камиони што беа воведени претпладнето на повеќе места низ државата поради снежни врнежи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.