Како што соопштија властите болеста се појавила многу порано од очекуваното.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јуни, 2019 15:20

Внимавајте доколку летувате во Грција: Регистрирани неколку случаи на Западно Нилска треска

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Фактор.мк

Во соседна Грција пред само неколку дена се регистрирани неколку случаи на Западно Нилска треска.

Како што соопштија властите болеста се појавила многу порано од очекуваното.

Овој вид на треска не покажува симптоми. Околу 20% од заразените лица покажуваат симптоми на настинка, вклучувајќи треска и главоболка, а само 1% од луѓето развиваат сериозни болести. Минатата година, во Грција беа забележани рекордни 316 случаи на заразени со вирусот, а 50 лица загинаа.

Лекарите советуваат дека поради топлото време граѓаните кои што планираат да заминат на одмор во Грција, да се заштитат соодветно.

За порталот пресцентар, докторката Катица Марангозова изјави граѓаните да се заштитат соодветно од комарците, односно да користат соодветна заштита против комарци доколку патуваме во земја каде има регистрирано случаи на Западно Нилска треска, како во овој случај во Грција. Докторкаата советува да се користат заштитни мрежи на прозорците, односно комарници, да се носи облека на долги ракави.

Лекарите велат дека болеста може да помине и асимптоматски или најчесто како грипозен синдром.

„Симптомите се најчесто покачена температура, болки во цело тело. Во поретки случаи се манифестира и појава на затегнат врат, повраќање, пореметена свест“, потенцира др. Марангозова за Пресцентар.

Болеста се добива преку каснување најчесто од заразен тигрест комарец, а не постои соодветно лекување за истата.

Заштитните мерки кои може да ги превземе државата од оваа болест е редовното и успешно прскање против комарци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.