Се очекува времето денес да биде сончево и топло со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. УВ=9

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 јули, 2019 15:36

ВНИМАВАЈТЕ: До четврток жолта (алертна) фаза, температурите ќе достигнат и до 40 степени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од УХМР предупредуваат дека ериторијата на земјава денеска и во наредните два дена ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.

Се очекува времето денес да биде сончево и топло со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени. УВ=9

Од УХМР предупредуваат на жолта (алертна) фаза, температури, а во среда температурите ќе достигнат до 40 степени

Според информациите од УХМР наредните два дена под влијание на топол бран максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, на повеќе места ќе надминат и 35.Како што предупредуваат во среда се очекува да достигнат 40 степени а УВ индексот ќе биде 9.

Во четврток се очекува температурите да достигнат до 38 миот степен, а во претпладневните часови се очекува локален пороен дожд и грмежи. УВ=8

Зголемената влажност на воздухот ќе придонесе да се има чувство дека температурите се повисоки од измерените. Од задутре до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Од Министерството за здравство предупредуваат дека температурите се многу високи, и во текот на ваквите екстремно топли денови апелираат до граѓаните да останат во затворени климатизирани простории. Доколку немаат потреба да не излегуаат од своите домови, а доколку се на отворен простор во овој период, да најдат можност за почести одмори под сенка.Од Министерството за Здравство апелираат  хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија, и постојано да се внесуваат течности.

 
 
 
 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.