„Пред седум дена го пријавивме првиот случај на коронавирус во земјата“, рече Коџа. „Денес морам да објавам тажна вест затоа што еден од заразените пациенти почина. Имаше 89 години“.

Објавил: Македонка Димкин | 18 март, 2020 15:29

ВНИМАНИЕ: Турција го пријави првиот смртен случај од корона вирус

Фото/Текст извор: ©printscrin

Турција го пријави првиот смртен случај во земјата предизвикан од коронавирусот, изјави турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, на прес-конференција во Анкара, пренесува ТАСС.

„Пред седум дена го пријавивме првиот случај на коронавирус во земјата“, рече Коџа. „Денес морам да објавам тажна вест затоа што еден од заразените пациенти почина. Имаше 89 години“.

„Бројот на регистрирани случаи се зголеми на 51 и во моментов изнесува 98“, продолжи турскиот министер за здравство.

Коџа изјави дека човекот кој починал од вирусот бил заразен од својот кинески колега.

Бројот на заболени од новиот коронавирус во светот го надмина психолошкиот праг од 200 илјади случаи, и денеска тој изнесува 204.732. Вирусот досега погоди 170 држаи и територии во светот, при што бројот на смртни случаи се искачи на 8270 жртви.

Европа денеска ја надмина Азија според бројот на смртни случаи, каде се евидентирани 3434, додека во Азија таа бројка изнесува 3384.

Италија е најтешко погодена земја во Европа, и втора во светот според бројот на заразени. Во Италија има 31.506 заболени и над 2500 смртни случаи. Критично е и во Шпанија, со 13.910 заразени и 623 смртни случаи.

На светско ниво, досега се излекувани 82.872 пациенти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести