Имено, во новиот Закон за заштита на потрошувачите, донесен во СКРАТЕНА собраниска постапка со европско знаменце, на сите трговци во државата се наметнува обврска амбалажите, налепниците, сертификатите, декларациите, гарантните листови и останатата документација на производите да ја испишуваат и на албански јазик и неговото писмо.

Објавил: admin@magazin | 5 декември, 2022 19:46

ВОВЕДЕНА ПРОТИВУСТАВНА ДВОЈАЗИЧНОСТ ВО СТОПАНСТВОТО НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ВОВЕДЕНА ПРОТИВУСТАВНА ДВОЈАЗИЧНОСТ ВО СТОПАНСТВОТО НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Владејачката СДС, слугувајќи на нивниот национал-шовинистички коалиционен партнер ДУИ, продолжува со политики кои го деградираат значењето на македонскиот јазик и го загрозуваат унитарниот карактер на државата, наметнувајќи противуставна обврска трговците во нивното делување задолжително да го употребуваат и албанскиот јазик!

Имено, во новиот Закон за заштита на потрошувачите, донесен во СКРАТЕНА собраниска постапка со европско знаменце, на сите трговци во државата се наметнува обврска амбалажите, налепниците, сертификатите, декларациите, гарантните листови и останатата документација на производите да ја испишуваат и на албански јазик и неговото писмо.

Ова претставува непотребен и несразмерен товар и трошок за микро и малите трговци, но и противуставна обврска за задолжителна употреба на малцински јазик и на приватни субјекти!

За илустрација, мала локална пекара во Берово која продава леб во Малешевскиот регион, согласно новиот закон може да се соочи со парична казна и времена забрана за вршење дејност доколку не ја напише амбалажата на својот производ и на албански јазик.

Ова е уште една во низата девастирачки мерки на владејачкото мнозинство, кое наместо справување со реалните економски и социјални проблеми на граѓаните, дополнително го отежнува работењето на ситните трговци и нивната борба за опстанок наспроти крупниот капитал и бизнис елитите, задоволувајќи ги единствено национал-шовинистичките хирови на ДУИ – кои никако не помагаат на сиромашниот Албанец во Македонија.

Левица во наредниот период ќе иницира измени во Законот за заштита на потрошувачите со цел отстранување на овие противставни и нелогични законски обврски, кои доколку не бидат усвоени од мнозинството во Собранието, ќе бидат оспорени пред Уставниот суд!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести