- Млад човек кога ќе се заљуби веднаш следува венчавка и деца, бидејќи мислат дека тоа ќе трае засекогаш. Меѓутоа, важно е двајцата да проживеат толку колку што бракот подоцна би бил скалден и во 50-тите да не полудат, рекла таа, а потоа додала дека во моментите кога ја започнала емотивната врска со својот сегашен сопруг, сакала да знае што тој точно се проживеал пред неа.

Објавил: Весна Петровска | 19 јануари, 2020 16:02

Водителката на Практична жена неодамна се ожени: Секој ден му се заблагодарувам на Бога што почекав и не БРЗАВ!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Наташа Павловиќ која во Македонија е позната по емисијата „Практична жена“ во повеќе наврати истакнала дека за добар брак клучно е разбирањето. Во едно интервју, оваа водителка која во својот брак и тоа како ужива, имала едно интересен став на оваа тема.

– Млад човек кога ќе се заљуби веднаш следува венчавка и деца, бидејќи мислат дека тоа ќе трае засекогаш. Меѓутоа, важно е двајцата да проживеат толку колку што бракот подоцна би бил скалден и во 50-тите да не полудат, рекла таа, а потоа додала дека во моментите кога ја започнала емотивната врска со својот сегашен сопруг, сакала да знае што тој точно се проживеал пред неа.

– се детално го распрашував, па кога сфатив дека имал „милион“ жени и дека излегувал, патувал и правел се што млад човек треба да прави, тогаш му реков – супер

– Не дека не ми сметаше што во неговиот живот имало толку жени, туку ми беше драго, бидејќи знаев дека ќе умее повеќе да ме цени. Сметав дека научил што сака и што не сака, како и јас, истакнала Наташа, заклучувајќи ја приказната со зборовите:

– Му го раскажав целиот мој историјат, само што моето минато не беше бурно како неговото. Но, имав многу можности на основа на своето, така и од искуството на своите другарки да заклучам што сакам. На 30 си зрел човек, но пред тоа сигурно не си. Не велам дека не можеш да најдеш партер на својот живот, но тоа е чиста игра на среќа. Секој ден му се забалагодарувам на Бога што почекав и што не правев ништо на брзина, заклучува таа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.