Имено таа се појави со својот сопруг Немања Живојиновиќ на 60-тиот роденден на пејачката Ана Бекута.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 септември, 2019 14:52

Водителката на „Sвездите на Гранд“ поминува низ вистински пекол

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата српска водителка Сања Кужет која на јавноста и е позната по музичкото шоу „Sвездите на Гранд“ поминува низ вистински пекол.

ФОТО: M.M./ATAImages.

Имено таа се појави со својот сопруг Немања Живојиновиќ на 60-тиот роденден на пејачката Ана Бекута.

Во последно време Сања го крие приватниот живот од очите на јавноста, сепак таа овој пат во интервју за српски Блиц, призна дека во моментот поминува низ исклучително тежок период.

– Нема убави работи што се случуваат приватно во мојот живот. Вечерва се потрудив да ја испочитувам Ана и да бидам вистинска пријателка. Сакам да си покажам дека некои работи во животот можам да ги погледнам повторно од позитивна страна – рече Сања.

водителката откри дека всушност станува збор за нејзините родители, но не сака да  образложува, туку само на кратко одговорила на прашањето:

– Во прашање е болест на родителите.

Но водителката сепак  покажа дека знае да остане позитивна и покрај лошите работи кои и се случуваат во ммоментот, па цела вечер беше видливо насмеана и со ведар дух и како што вели со тагата на крај излегува професионално.

– Мојата насмевка е понекогаш маска, понекогаш вистинска, но станав суров професионалец. Тоа си го докажав кога го работев претходното финале на „Ѕвездите на Гранд“, кога добив некоја непријатна вест тоа утро – додаде Сања.

На прашањето на новинарката што решила да се појави со својот сопруг, со кој не ја гледаме толку многу во медиумите, на прославата на роденденот на Ана, Сања одговори:

– Вечерва сме поканети како двојка и мислам дека е сосема коректно ако некој ве покани така и двајцата да се појавиме.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.