„Ден полн со адреналин. Слетавме на носачот на авиони „Хари С. Труман“.

Објавил: admin@magazin | 9 декември, 2019 20:43

ВОЗДУШНИ ЛУДОРИИ НА ЗАЕВ, ЏАФЕРИ ШЕЌЕРИНСКА: Денеска слетаа на носач на авиони „Хари С. Труман“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, премиерот Зоран Заев и спикерот Талат Џафери, денеска слетаа на носачот на авиони „Хари С. Труман“.

Министерката Радмила Шеќеринска напиша дека наскоро стануваме 30. членка на Алијансата и веќе Македонија е дел од семејството“.

„Ден полн со адреналин. Слетавме на носачот на авиони „Хари С. Труман“. Заедно со премиерот Зоран Заев и шефот на парламентот Талат Џафери, таму имавме средба со адмирал Џејмс Фого, командант на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол. Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните капацитети на воздушно поморските сили на САД и на НАТО.

Додека пак премиерот Зоран Заев, на социјалните мрежи објави дека Македонија станува дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот и во историјата на човечката цивилизација.

– Заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и Претседателот на Собранието, Талат Џафери, остваривме средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол, која се одржа на носачот на авиони „Хари С. Труман“, напиша Заев.

Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО Алијансата.

Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот и во историјата на човечката цивилизација.
„Северна„ Македонија припаѓа во најсилниот систем на колективна безбедност.

Најсилните земји во светот се наши сојузници, а Северна Македонија е 30та полноправна земја членка на НАТО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.