Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Објавил: Владо Марин | 10 јуни, 2020 6:19

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: АМСМ со порака до возачите!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Според информација од МВР, за македонски државјани, граничните премини за излез од државата се отворени со потпишување на соодветна изјава, која ја издава МВР на самиот премин. Со таа изјава, секој граѓанин се обврзува дека нема да бара помош од државата, во случај на проблем во странство.

При влез во државата, секој граѓанин мора да приложи направен валиден PCR тест, не постар од 72 часа, кој е негативен. Потоа на граничниот премин потпишуват „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“.

Доколку таков тест не е приложен, или е приложен невалиден PCR тест, тогаш задолжителен е државен карантин во траење од 14 дена.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...