Според информација од ЈП Македонија пат, од 08:10 часот укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Од раните утрински часови укинати се и забраните за сообраќај на премините Плетвар, Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани и по влажни коловози. На повисоките места и низ клисурите има остатоци од кашест снег на коловозите. АМСМ во овие временски услови препорачува исклучително внимателно управување со возилата и одржување на поголемо растојание меѓу истите.
ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ: За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.