До 9:30 часот патот бил непрооден, затоа што пожарникарите два часа, четири луѓе ги извлекувале од оштетените автомобиле.

Објавил: Перо Милчин | 17 февруари, 2019 13:37

Возилото во кое се наоѓал Шабан Шаулиќ потполно уништено

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Кралот на нродната музика Шабан Шаулиќ утринава настрада во тешка сообраќајна несреќа која се случила во Германија на патот Bifild-Butersloh.

И Германските медиуми ова утро известуваат за тешката сообраќајка во која настрада познатиот српски пеач Шабан Шаулиќ.

Спасувачката служба добила итен повик околу 6:50 часот утрово, на автопатот А2 во правец на Дортмунд.

Полицијата два часа ги извлекувала телата на загинатите, во кој настрада и српскиот пеач и крал на народната музика Шабан Шаулиќ. Возилата биле потполно уништени.

Пијан возач со марка на автомобил мазда, се удрил во нивниот автомобил. Спрема несигурни информации возачот немал сообраќајна дозвола.

Во тешката несреќа учествувале две возила, пишува Westfalen-blatt.de за сообраќајната несреќа, во кој животот го загуби популарниот пејач на народната музика Шабан Шаулиќ. 

До 9:30 часот патот бил непрооден, затоа што пожарникарите два часа, четири луѓе ги извлекувале од оштетените автомобили. 

Да се потсетиме Шаулиќ беше еден од најпродаваните пејачи во СФРЈ. Тој исто така има снимано песни на македонски, како римејкот на класичната „Зајди, зајди“ а неговиот прв албум излезе во 1969 г. кога имал осумнаесет години.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...