Од основното јавно обвинителство информираат дека убиството се случило околу 23.50 часот откако на маса во објектот заедно седеле пет лица, косумирајќи алкохол.

Објавил: Македонка Димкин | 3 март, 2019 11:49

Вознемиреност кај Тетовчани: Едно лице убиено во „кафана„ !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Едно лице е убиено доцна синоќа во Тетово. Ова е уште една трагедија која ја потресе Македонија. Жртвата е средовечен маж. Од основното јавно обвинителство информ ираат дека убиството се случило околу 23.50 часот откако на маса во објектот заедно седеле пет лица, косумирајќи алкохол.

Во еден момент, сторителот извадил пиштол, го репетирал и испукал проектил во едно од лицата.

Архива ов ноември 2018,: Животот и безбедноста на граѓаните се сериозно загрозени од криминогени структури кои се чувствуваат слободни и охрабрени да тероризираат цел град. Граѓаните со право се вознемирени и загрижени за своите животи. На 30 ноември 2018 во Тетово се случи вооружена пресметка среде град во најпрометната улица, кога огромен број млади граѓани се движеа на таа локација. Буквално на мафијашки начин се пукало од автомобили во движење, неколку куршуми завршиле во угостителски објекти, при што неофицијално биле ранети неколку лица. Ова случување во Тетово е само дел од низата убиства, почнувајќи од Мартин Јанушев, преку убиството на Идризи на автобуска во Чаир, убиството во Мала Речица, убиството на Саздовски, двојното убиството на Рузвелтова, па се до секојдневното палење на автомобили.

При тоа му нанел смртоносни повреди од кои оштетеното лице починало на лице место. По стореното кривично дело групата се дала во бегство, за подоцна двајца да бидат лишени од слобода од страна на полицијата, а другите двајца, меѓу кои и сторителот, сами се пријавиле во полициска станица.

Обвинителот издаде наредби за прибирање на траги од лице место и нивно вештачење, како и за вештачење на чаурата најдена на местото на настанот. Издадена е и наредба за вршење на обдукција над починатото лице. Извршено е фотографирање и скицирање, како и други дејствија во насока на расчистување на кривично правниот настан.

Убиството се случило откако на маса во објектот заедно седеле пет лица, косумирајќи алкохол. Убоството се селуќило кога сторителот извадил пиштол, го репетирал и испукал проектил во едно од лицата. При тоа му нанел смртоносни повреди од кои оштетеното лице починало на лице место.

По стореното кривично дело групата се дала во бегство, за подоцна двајца да бидат лишени од слобода од страна на полицијата, а другите двајца, меѓу кои и сторителот, сами се пријавиле во полициска станица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Хроника