Според телевизијата, телото го пронашол планинар кој веднаш пријавил во полиција.

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 февруари, 2020 14:27

ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА: Пронајдено мртво машко тело на Шар Планина

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес е пронајдено е машко безживотно тело во Шар Планина, објави ТВ21.

Телото го пронашол планинар кој веднаш пријавил во полиција, објави телевизијата.

Од тетовската полиција за телевизијата изјавија дека починатиот не е идентификуван и не е потврдено дека се работи за мигрант.

Поради големата радијациона моќ на снегот на Шар Планина, којшто долго е присутен во зимските и пролетните месеци, воздухот е изложен на интензивно ладење. Чести се и таканаречените инверзии на воздухот, односно температурата со височината не опаѓа, туку расте. За време на инверзија, просечно, температурата на Шара е за 5 °С повисока отколку Полог.

Снежната покривка се јавува во просек од октомври и непрекинато трае до април, на повисоките места и до мај и јуни, а постојат и места кај кои снегот се задржува преку целата година. Снежните лавини се ретки, но не и целосно исклучени.

На Шар Планина преовладуваат ветрови главно од западен, југозападен и југоисточен правец. На терените и висорамнините кои се опколени со повисоки врвови, брзината на ветровите е значително намалена во однос на самите врвови, каде дуваат ветрови со голема брзина, особено во зимските месеци. Во поглед на развојот на зимскиот туризам, ветровите негативно влијаат бидејќи ја разнесуваат снежната покривка. Многубројните врвови кои ги затскриваат падините ја намалуваат нивната брзина, а со тоа се овозможува и подолго задржување на снегот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...