Сообраќајната несреќа се случила кога камион со полуприколка управуван од српски државјанин удрил во моторот.

Објавил: Владо Марин | 19 јуни, 2020 12:57

ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА: Триесет и двегодишен моторциклист загина во тешка сообраќајна несреќа

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Триесет и двегодишен жител на скопското село Стајковци загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на булеварот Киро Глигоров.

Сообраќајната несреќа се случила кога камион со полуприколка управуван од српски државјанин удрил во моторот.

Во незгодата моторциклистот починал на местото на настанот – информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Сообраќајните несреќи за жал станаа секојдневие низ светот, а причините за нив се различни. Бројката на несреќи секојдневно се зголемува, а со тоа и жртвите, па се прави сè што може за нивно намалување.

Со оглед на тоа што причините се многубројни во продолжение можете да видите десет од нив кои важат за најчести.

Во летните месеци на улиците е присутен поголем број на мотоцикли и велосипеди кои неретко се вистински предизвик во сообраќајот. Причина за тоа е што велосипедистите и мотоциклистите не се придржуваат секогаш на правилата во сообраќајот и не носат адекватна опрема. Посебен проблем е тоа што тие не се доволно видливи за другите учесници во сообраќајот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...