Во несреќата имало тројца повредени, а двајцата родители и детето се во кома.

Објавил: Перо Милчин | 12 јули, 2019 23:00

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Тешка несреќа кај наплатна рампа во Хрватска: ЦЕЛО СЕМЕЈСТВО ВО КОМА!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Како што објави денеска полицијата во Загреб, 35-годишен возач на БМВ со преголема брзина се забил во Шкода, чиј возач (38) го забавувал возилото кај наплатна рампа поради тоа што пред него стоело друго возило со марка Ауди, пренесува 24 сата.хр.

Во тешката несреќа што се случи кај наплатната рампа во Загреб, има тројца повредени, двајцата родители и детето се  наоѓаат во кома.

Возачот на автомобилот БМВ со преголема брзина се забил во нив, Шкодата одлетала во бетонскиот ѕид, а потоа и во двете наплатни патарини пред да удри во задниот дел од Аудито.

Страшната несреќа се случила вчера на пладне, а денеска на социјалните мрежи се појавија снимки од незапамтената несреќа.

На видеото кое е објавено се гледа како возачот на автомобилот БМВ долетува со преголема брзина и удира во возилото пред себе.

Исто така пред неколку недели во сообраќајна несреќа загина возач на камион со македонски регистерски таблички, која се случила на автопатот А3 во Хрватска.
Камионот се судрил со автобус од Босна и Херцеговина, пренесе хрватскиот портал Индекс.хр.
Хрватските власти изјавија дека возачот на каминот починал, а од автобусот полесно повредени се 10-15 патници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...