Жална била сликата за сопственикот, кој веднап по немилиот настан повикал полиција и ветеринар, но кучињата веќе биле мртви.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 април, 2019 15:10

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Деца од Струмица со секира и лопата крвнички убиле две кучиња!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Малолетниците од Струмица на возраст од 14 и 17 години брутално со со лопата и со секира убиле две кучиња од расата Кане корсо, пренесе ФОКУС. 

Жална била сликата за сопственикот, кој веднап по немилиот настан повикал полиција и ветеринар, но кучињата веќе биле мртви.

Како што изјавил сопственикот, викнал полиција веднаш по настанот, но тие одбиле да интервенираат. Сигурно и тоа завршило исто.

Здружението за заштита на животни „Анимал ловерс“ од Струмица, информимраше за овој крвнички чин на убивање кучиња, и апелираат до МВР случајот да го истера до крај, а малолетниците на возраст од 14 и 17 години да добијат соодветна законска казна.

-Монструозните дела во Струмица продолжуваат. Две кане корсо кучиња вчера брутално убиени од малолетници. Едното со секира, другото со лопата. Сопственикот викнал полиција и ветеринар на увид, но прекасно. Кучињата се убиени од 14 и 17 годишни ДЕЦА. Бараме Министерство за внатрешни работи да го истера овој случај до крај… сторителите да добијат затворска казна или да одат во поправен дом!!!Имаме дојави дека тоа не им е прво убиство на животно!!! Тие малолетници се опасни и за околината!!!Вакви пријави мора да се сфаќат посериозно во иднина за да не биде предоцна како во сличајот.Полиција специјализирана за животни е повеќе од неопходна.Собрание на Република Северна Македонија и премиере Зоран Заев, бараме иницијатива за формирање на полиција за животни. Казни за луѓето кои ги напуштаат милениците и задолжително чипирање“, реагираат од здружението.

Како што пишува ФОКУС, изминатиот период во Струмица беа забележани повеќе случаи на убивање на животни, а граѓаните најчесто апелираа на социјалните мрежи да се откријат сторителите, објавувајќи фотографии од измачуваните мртви животни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести