Станува збор за лек кој е раствор за пер ос примена и пациентите ќе го примаат во домашни услови.

Објавил: Рејхан Бајрами | 25 ноември, 2020 11:46

ВОЗРАСНИТЕ ПАЦИЕНТИ СО СПИНАЛНА МУСКУЛНА АСТРОФИЈА ПРВПАТ ДОБИЈА ЛЕК

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерството за здравство информира дека вчера првпат досега на Универзитетската клиника за неврологија двајца возрасни пациенти со спинална мускулна атрофија тип 2 добија нов иновативен лек „Рисдиплам“, преку Програмата за милосрдие (Compassionate Use Program).

Станува збор за лек кој е раствор за пер ос примена и пациентите ќе го примаат во домашни услови.

Во селекцијата и ординирањето на лекот учествуваа науч. сор. д-р Иван Барбов, кој е директор на Клиниката и медицинска сестра Јасмина Коруновска.

Спинална мускулна атрофија (СМА) е наследна болест на моторниот неврон и спаѓа во групата ретки болести. Според времето на почеток на болеста и клиничката слика се дели на 4 групи: СМА тип 1, 2, 3 и 4.

Во Република Македонија досега има дијагностицирано 14 пациенти. Од нив, седум пациенти се на возраст до 18 години со СМА тип 1 и 2. На денешен ден, минатата година, за првпат беше даден лекот нусинерсен (Спинраза) за оваа група на пациенти преку Програмата за ретки болести. Прв го прими лекот нашиот јунак Јане Велковски. За возрасните пациенти досега немаше лек.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...