Влатко Лозаноски ќе го одржи вториот солистички концерт на најголемиот македонски празник, Илинден“.

Објавил: admin@magazin | 4 јули, 2019 13:10

ВОЛШЕБНИОТ ГЛАС, Влатко Лозаноски на ИЛИНДЕН со нов концерт во Охрид!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Влатко Лозаноски-Лозано ќе одржи голем концерт во Охрид, на 2 август, на Стадионот „Билјанини извори“ со почеток од 21 часот.

Влатко Лозаноски ќе го одржи вториот солистички концерт на најголемиот македонски празник, Илинден“ во Охрид.

„Влатко е првата македонска ѕвезда, покрај сите балкански, која ќе одржи концерт на овој стадион“, изјавија од „Прагма“ за Женски Магазин. За овој голем концерт на Влатко Лозаноски, организаторите најавуваат специјални гости и големи изненадувања за неговите фанови, а исто така ќе има и организиран превоз од сите градови.

Влатко Лозаноски – Лозано е македонски пејач. Роден е на 27 јуни 1985 година во Кичево. Заедно со Есма Реџепова, ја претставувал Македонија на Евровизија 2013 година во Малме, Шведска.

Билетите за концертот ќе бидат пуштени во продажба од утре, на сите продажни места на „Купи карти за сѐ“, во „Југотон“, во цвеќарницата „Розе“ и на охридскиот Плоштад по цена од 300 денари па нагоре.

Негов прв јавен настап беше како член на македонското талент шоу Мак Ѕвезди во септември 2007 година.

Еден месец подоцна, тој доби гран при награда на првиот Македонски Радиски Фестивал наречен Ѕвездена ноќ. Ја пееше песната Врати ме, што воедно е и неговиот прв сингл, додека негов втор сингл е Обичен без тебе.

Во октомври 2008, со неговиот трет сингл Времето да застане ја доби наградата од жирито на фестивалот Макфест, најпрестижниот фестивал во Македонија.

Во 2009 учествуваше во македонскиот избор за песна на Евровизија со песната Блиску до мене и се пласираше четврт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Имено, Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври во 13:00 часот ќе одржи бесплатен концерт, кој е во организација на Град Охрид и е од отворен тип.

Бесплатен концерт на Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври

Светски познатиот џез, фанк и соул изведувач Владимир Четкар, подготвува извонреден...

Белград ќе биде центар за добра забава, а некој од најпознатите српски пејачи токму тука ќе настапат за новогодишната ноќ.

Чолиќ и Мерлин по 100.000 евра, Цеца ќе пее за 80.000 за Нова Година: Еве колку ќе заработат останатите пејачи за новогодишната ноќ

Повеќето од српските пејачи нема да одмараат за новогодишната ноќ, туку ќе настапат...