Поради растечкиот број заболени за кои е потребно болничко лекување, за потребите на Инфективното одделение односно ковид болницата ќе се адаптира вториот кат од болницата, со што се отвораат дополнителни 15 болнички кревети.

Објавил: admin@magazin | 14 март, 2021 19:00

ВОНРЕДЕН СОCТАНОК – „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ГИ ЗГОЛЕМУВА КАПАЦИТЕТИТЕ ЗА ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА НА КОВИД ПАЦИЕНТИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во услови на раст на бројот на пациенти со компликации на Ковид-19 кои чекаат на хоспитализација, во време кога расте и бројот на заболени во земјата и се дијагностицираат нови соеви на корона вирусот, менаџментот на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, денеска (13.03.2021) на вонреден состанок донесе одлука за зголемување на болничкиот капацитет со што ќе се хоспитализираат дополнителен број ковид пациенти.

На состанокот на кој учествуваше комплетниот директорски тим, генералниот директор Ѓун Ѓунсој, претседателот на Бордот на директори Јордан Камчев и медицинскиот директор Жарко Христовски е одлучено „Аџибадем Систина“ да се посвети комплетно околу опремувањето и функционалноста на ковид центарот.

Поради растечкиот број заболени за кои е потребно болничко лекување, за потребите на Инфективното одделение односно ковид болницата ќе се адаптира вториот кат од болницата, со што се отвораат дополнителни 15 болнички кревети. 

Вкупниот капацитет на болницата се зголемува на 69 болнички кревети и хоспитализации.

Во истовреме се мобилизира и поголем дел од техничкиот персонал кој треба да се насочи за потребите на ковид болницата.

Поради зголемувањето на капацитетите во болницата се отвораат нови работни места, односно ќе се вработат два специјалисти инфектолози, доктори специјалисти за интерна медицина,  пет доктори по општа медицина и нови 15 медицински сестри.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и сега, но и претходно, откако почна епидемијата на Ковид-19 се стави во функција на заштита на јавното здравје и од почетокот е поддршка и врвен чинител во заштитата и лекувањето на пациентите кои се позитивни на Ковид 19.

Последната денешна одлука на менаџментот е во таа насока, односно во услови на влошување на епидемиолошката состојба и потребите на здравствениот систем, се излегува во пресрет на потребите на граѓаните и државата.

Денеска на состанокот утврдени се и директните насоки и конкретните активности кои треба да се сторат во текот на деновите од викендов. За задутре (понеделник 15.03.2021) предвидено е да се одржи нов состанок на кој ќе се утврдуваат сите работи кои се преземени и операционализацијата на планот.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“, во меѓувреме запира привремено дел од бројните нови активности и големи инвестиции на кои беше фокусирана меѓу кои и промоцијата на новиот Центар за физикална терапија со најсовремен спортски и фитнес центар, кој е единствен од ваков  вид во регионот.

Болницата секако останува посветена на големите планови и новитетите и останува неприкосновен лидер во земјата и во регионот по опременоста, стручноста и капацитетот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...