Прочитајте што има да би каже Крум Велков

Објавил: Македонка Димкин | 31 јануари, 2022 22:53

Ќе го сопреме рудникот на смртта и да ни е последно: За контаминацијата од Иловица

Фото/Текст извор: ©фејсбук

Вака го започнува Крум својот пост на ФБ: Издржав прилично клевети, провокации и сплетки изминативе години (и не само јас), со тешки невистини и особено монтирани полувистини, кои се најопасни. И заради отпорот против Рудникот на смртта, и заради учеството во протестите и воопшто отпорот против кОвид-измамата.

Поточно, не ги издржав, бидејќи не ме допреле суштински, туку само евентуално ми одзеле малку време. Сеедно, имам намера да издржам уште десетпати по толку (вклучително и подмолни инсинуации, што е класична клеветничка методологија), без разлика од која страна, служба, или мрежа да доаѓа, или од која било од разноразните изманипулирани душички вплеткани во тие мрежи, кои најмногу ги жалам, бидејќи таквите се најголеми жртви. Грижата на совеста е опасна работа, мили клеветници, макар и со лажни профили; чувајте се од неа, велат тоа е гласот Божји. Друго, внимавајте на местенки од провокатори кои се инфилтрирале токму со цел да нѐ дискредитираат. Всушност, вас ве дискредитираат. Еден таков набркав пред три години, но тие се упорни, бидејќи се на задача.

Значи, Рудникот на смртта ќе го сопреме, макар и последно да ни биде. Таква е решеноста во Отпорот. Инаку, немам никакви други амбиции, најмалку политички. Кој си има, негов проблем. Кога ќе заврши сето ова со рудникот и со „пландемијата“ едноставно ќе се повлечам и ќе го правам тоа што најмногу го сакам.

Во меѓувреме, користам можност уште еднаш да објавам зошто толку се бориме ние овде. И простете, напорни сме и далеку од совршени, но немаме друг излез: ние сме најуморните од самите себеси во сето ова.

ВИСТИНАТА: КОМПЛЕТНА КОНТАМИНАЦИЈА, БОЛЕСТ И СМРТ

(Информации презентирани на консултативната средба со Владата на РМ во јули 2018 година)

1. Струмичката/регионалната економија е главно заснована на земјоделие, кое генерира далеку поголеми приходи за државата (со потенцијал за уште поголеми), отколку што би давал рудникот: само 2% за државата, а 98% од профитот за странските газди. Тврдењата дека заедно можеле да коегзистираат рударство и земјоделие се смешни и недоветни. Во мигот кога рудникот ќе проработи, конкуренцијата ќе го искористи тоа и за година-две ќе имаме уништена регионална економија, бидејќи никој не сака да јаде затруени производи.
2. Секаде каде што има бакар и злато има и сулфати и тешки метали, од кои најотровни се арсенот, талиумот и кадмиумот. Секаде, без исклучок. Ги нарекуваат „заспаниот ѕвер“. При рударските ископувања, ѕверот се ослободува. При допир со воздух, сулфатите се претвораат во сулфурен оксид, а со вода во сулфурна киселина. Во човечкиот организам, сулфатите исто така се претвораат во сулфурна киселина, со краен исход – смрт. Сулфурниот оксид, арсенот, кадмиумот и талиумот уште при ископувањето се врзуваат со опасните МП 2,5 честички. Тие се распространуваат на огромни растојанија, и до 2.000 км. До сите вас.
3. Во Иловица-Штука ќе се ископуваат 30 милиони тони јаловина годишно, што го прави најголем рудник во Југоисточна Европа. Без исклучок, ќе бидат загадени сите поздемни и надземни води. Ова е листата на отровни елементи кои ќе ги добиеме од работата на рудникот: тешки метали, цинк, алуминиум, арсен, бакар, железо, нитрати, сулфати, комплекси од метали, селен, манган, кадмиум, талиум, жива. Повеќето од овие супстанци остануваат во почвата над 2,000 години. Сите се смртоносни, преку предизвикување канцери и други тешки заболувања, вклучително и деформитети кај новороденчиња.
4. Дневно ќе се ископуваат по 164.000 тони јаловина, што компаративно споредено значи 2.000 тони отровна прашина. Тоа значи 730.000 тони прашина годишно врз Струмичката Котлина. За 15 години, вкупно 10 милиони тони прашина ќе паднат врз нас, доволно за целата Струмичка Котлина да биде покриена со слој отровна прашина дебел 10 см. За 23 години, колку што би работел рудникот, Котлината ќе стане пустелија, со чести кисели дождови. Ова се нарекува комплетна контаминација. Нормален живот во такви услови е невозможен.
5. Неповратно ќе се исечат околу 1,000 хектари шума, со сите ерозивни последици по животната околина, еко-системот, биодиверзитетот и климата.
6. Рудникот ќе го загрози водоснабдувањето на струмичко од браната Турија. Дневните потреби на рудникот изнесуваат 1.700.000 м3 вода, или годишно 630.720.000 м3. Вкупната водозапремнина на Турија изнесува 50.000.000 м3. Браната на хидројаловиштето на рудникот ќе има четири пати поголема запремнина (210 000 000 м3 отров). Турија е изградена да се користи како вода за пиење и наводнување и не е предвидена за потреби на каков било рудник, бидејќи тоа стратегиски би ги загрозило граѓаните. Рудникот нема обезбедено вода за работа и нема начин да обезбеди!
7. Ќе биде изградена најголемата хидројаловишна брана на планетата, висока 276 метри, на средно трусно подрачје, полна со течен отровен отпад. Дамоклов меч и постојан страв од хаварија која би била апокалиптична.
8. Покрај еколошка и економска, рудникот ќе предизвика и културолошка/национална деградација, како резултат на огромен и последен бран иселување, кој ќе уследи штом рудникот ќе проработи. Последици: несогледиви и непоправливи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...