Никола Војминвоски беше обвинет за кривично дело обид за убиство против пратеникот Села престојува во домашен притвор.

Објавил: Македонка Димкин | 16 јануари, 2019 16:03

Вонредна вест: Избегал осудениот убиец на Села?

Фото/Текст извор: ©Koha.mk / Magazin

Скопје, 16 јануари – Никола Војминовски, кој е  осуден на 13 години затвор за наводно напаѓање и обид за убиство на пратеникот Зијадин Села,  избегал пишува весникот KOХA.

Никола Војминвоски беше обвинет за кривично дело обид за убиство против пратеникот Села, но престојувал во домашен притвор пред да ја одлежи казната.

Весникот KOХA неофицијално информира дека вчера членовите на македонската полиција отишле во неговиот дом на улица “Пеќљане” бр.90, при што откријле дека осудениот ја напуштил куќата.

Оваа информација ја обезбедија членови на македонската полицијата од страна на членовите на неговото семејство.

Веднаш потоа, јавниот обвинител издал наредба да го извести одговорниот судија за овој случај.

За случајот со Села некои тврдеа дека е монтиран, токму поради фактот дека тој иако бил претепан до смрт, сепак не сакал да се лекува во Скопје. Но, снимките од упадот во Собранието на 27-ми Април покажуваат како Села го влечкаат по земја, со крваво лице. Она што е нејасно е дилемата дали на осудениот убиец некој му средил да не оди во затвор, ако веќе не можеле да му средат да биде амнестиран, како што тоа беше направено за пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести