Жална вест

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 јануари, 2022 19:58

ВОНРЕДНА ВЕСТ: Почина екс сопругата на Александар Вучиќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот Инстаграм профил се огласи и ја информира јавноста дека починала неговата прва сопруга Ксенија Вучиќ.

Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга.

За местото и датумот на погребот ќе ги информираме семејството и пријателите подоцна!

Ксенија Вучиќ новинарската кариера ја започна во ТВ Студио Б, работеше на радио станиците Фокус и Индекс, а последните години беше уредник и директор на кабелскиот канал на РТВ Пинк.

Ксенија Вучиќ (Јанковиќ) е родена во 1968 година во Белград. Учела во основното училиште „Даринка Павловиќ“ во Стари град. Своето образование го продолжила во родниот град.

Работела во бројни медиуми. Меѓу другите, таа беше дел од редакцијата на Радио Индекс, Радио Фокус и Телевизиското студио Б.

Откако ги роди Данило и Милица, таа се повлече од српската медиумска сцена, а потоа се префрли на ТВ „Пинк“ каде ја водeше емисијата „Правац“.

За директор на кабелскиот канал „Пинк 3“ е избрана во 2015 година. Таа може да се пофали со интервјуа со многу значајни личности, како Ведрана Рудан, Никола Груевски и албанскиот премиер Еди Рама, на кои во емисијата им покажа три прста.

Со српскиот претседател Алеосандар Вучиќ беше во брак од 1997 до 2011 година! 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Познатиот фудбалер и тренер почина во петокот на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемијата.

ПОСЛЕДНО ЗБОГУМ: Семејството покрај ковчегот, граѓаните се простуваат од Михајловиќ

Голем број граѓани на Рим од утрово чекаат пред римската општина Кампидољо, за да му...

Вечерва во Белград ненадејно на 56-годишна возраст почина Ксенија Вучиќ, мајка на нашите две деца Данило и Милица и мојата прва сопруга.

За местото и датумот на погребот ќе ги информираме семејството и пријателите подоцна!

Ксенија Вучиќ новинарската кариера ја започна во ТВ Студио Б, работеше на радио станиците Фокус и Индекс, а последните години беше уредник и директор на кабелскиот канал на РТВ Пинк.

Погребана Ксенија Вучиќ: Српскиот претседател во придружба на своите деца пристигна на Ново Гробје

Новинарката и екс сопруга на српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска ќе биде...

Како што наведе Вучиќевиќ, Ксенија починала на рацете од својот син. Најверојатно се работи за проблеми со срцето!

ПОЧИНА НА РАЦЕТЕ ОД СВОЈОТ СИН: Откриена причината за смртта на Ксенија Вучиќ

Новинарката и прва сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Ксенија Вучиќ...