По решеноста на Тачи и српскиот претседател со размена на територии да го затворат Косовското прашање реакции на косовскиот парламент

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 август, 2018 6:14

Вонредна седница на косовското Собрание за “да се спречи Тачи” да тргува со територии

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти денеска информира дека вонредната собраниска седница, на барање на опозицијата, за усвојување на резолуција, со кој ќе му забрани на претседателот Хашим Тачи и на кој било друг да преговара за територијалниот интегритетна Косово, ќе се одржи на 4. септември.

Хоти објави декана седница на пратеничката група на ЛДК се расправало за содржината на резолуцијата која ќе се најде на вонредна собраниска седница, три дена пред закажаното продолжување на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија (на 7. септември), што во Брисел ќе го водат Тачи и неговиот српски колега Александар Вучиќ.

– Ја поздравуваме поддршката што на резолуцијата ја дадоа и другите пратенички групи. Очекувам сите пратеници во Собранието на Косово да ја поддржат оваа резолуција. Треба да ги оставиме настрана нашите разлики и да се обединиме за да го спречиме Тачи да се пазари со територијата на Косово, напиша Хоти.

Тачи продолжува секојдневно да ја промовира неговата идеја за „корекција на границите“ со Србија, што би подразбирало припојување на Прешевската Долина кон Косово, додека Вучиќ и неговите соработници продолжуваат да се залагаат за „разграничување со Косово“, односно припојување на северно Косово кон Србија.

Двајцата претседатели нивните идеи за промена на границите односно за размена на територии, како што на тоа гледаат повеќето други косовски и српски, но и меѓународни фактори, ги промовираа и на Европскиот форум кој деновиве се одржува во австрискиот град Алпбах.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.