Најпогодени се Халкидики и Тасос, а на шест острови прогласено е вонредна состојба.

Објавил: admin@magazin | 23 ноември, 2019 10:18

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО ГРЦИЈА: Силно невреме во Халкидики и Тасос- ПОТОПЕНИ ГРЧКИТЕ ОСТРОВИ(видео)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Големите и силни дождови вчера предизвикаа сериозни проблеми во северниот дел на Грција.

Најпогодени се Халкидики и Тасос, а на шест острови прогласено е вонредна состојба. Дождовите предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а сообраќајот е блокиран во погодените подрачја.

Силната надојдена вода носеше автомобили низ улиците.

Минатата година исто така дожд и силен ветар го зафатија северниот дел од Грција и предизвикаа големи проблеми за туристите, а одделни места беа погодени и од поплави.

Грчки медиуми објавија инсерти од поројни дождови, што ги зафатија меѓу останатите и Лепотокарија, Парајлија, Неа Врасна, Парга, Ханиоти, Пефкохори, Трикали и Торони.

Температурата во одделни места била околу 15 степени Целзиусови. Во дел од градовите од одделни хотели беа евакуирани туристи, меѓу кои и од хотел на Ситонија, каде беа евакуирани поради река, која се излеала од коритото и го поплавила целото подрачје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.