Состанок денеска ќе одржи Стручниот одбор за управување со итни случаи, за да процени дали епидемијата на коронавирусот во Кина е вонредна состојба на меѓународно ниво.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 јануари, 2020 10:44

„ВОНРЕДНА СОСТОЈБА “: СЗО на итен состанок за смртоносниот вирус Корона

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Итен состанок на Светската здравствена организација поради новиот вирус Корона од кој досега живот загубија девет лица во Кина,а 440 се заболени.

Новиот смртонесен вирус Корона се пренесува од лице на лице

Состанок денеска ќе одржи Стручниот одбор за управување со итни случаи, за да процени дали епидемијата на коронавирусот во Кина е вонредна состојба на меѓународно ниво.

Според експертите до сега во Кина има над 1.700 заразени лица.

– Веќе е регистрирано пренесување на вирусот од човек на човек и инфекции на медицински персонал. Докажано е дека боилеста се пренесува преку респиаторнио тракт и постои мутација на вирусот, истакна Ли.

Според анализите на СЗО животните се извор на зараза. Првичните анализи укажуваат дека заразените животни биле пронајдени на пазар во Вухан.

Новиот корона вирус кој предизвика паника во светот се пренесува од човек на човек се прилагодува и мутира, а предизвикува воспаление на белите дробови.

Најпогодена од вирусот е покраината Хубеи, од каде и се сите девет починати. Властите со апел до граѓаните да избегнуваат јавни собири.

Стравот од епидемија се шири бидејќи милиони Кинези оваа недела ќе патуваат во своите домови за да ја прослават кинеската Нова година в сабота.

Новиот вирус е од групата вируси што предизвикуваат САРС, болест од која во 2002 и 2003 година починаа 800 луѓе во целиот свет, и која исто така потекна од Кина.

Мајк Остерхолм, директор на Центарот за Инфективни болести и истражување на Универзитетот во Минесота рече: „Единствениот причинител што може да го стори тоа, што го знаеме денес, е грипот“.Коронавирусите едноставно немаат пандемски потенцијал. Најмногу, тие можат да предизвикаат повеќе, географски локализирана појава. Но, колку големи и смртоносни може да се појават овие епидемии, се уште е загатка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.