ТРИФУН КОСТОВСКИ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПОЛИТИКАТА, Ѝ СЕ ВРАЌА НА МУЗИКАТА

Објавил: Македонка Димкин | 25 август, 2018 10:44

Воскресна Трифун Костовски некогашниот градоначалник на Скопје?

Фото/Текст извор: ©zenskimagazin.mk / magazin.mk

Поранешниот скопски градоначалник, бизнисменот Трифун Костовски, се повлече од политиката, но повторно ѝ се враќа на музиката. Неговиот соработник и пријател, Александар Митевски, на социјалните мрежи објави фотографија од Костовски, во неговото музичко студио.

Продуцентот вели дека сѐ уште е рано да открива детали за снимање на нов материјал, но имаат такви планови. Соработката на Митевски и на Трифун започна со дуетот „Срце тетовирано“, која е сѐ уште актуелна, а продолжи со албумот на Трифун „Душа македонска“. На албумот, кој е деби издание на Костовски а излезе во 2003 година, има девет песни кои се снимани во стдуијата „Торус“ и „Димитрови“. 

Јас пропеав на 50 години, и не ми беше лесно да го направам тој чекор. Семејството ми ги знае  музички квалитети и знаат дека ова го чувствувам како хоби.  Сепак, имам јас други обврски во животот. Свесен сум дека со мојот албум ќе предизвикам низа реакции. Поради некоја ниска култура, особено политичка, веднаш ќе почнат да ме напаѓаат со погрдни зборови. Точно знам што ме очекува, но музиката е нешто што е посилно од мене. Не очекувам да добијам пофалби, но од семејството и од пријателите дефинитивно ќе ја добијам поддршката. Пресудниот глас го имаат грѓаните, обичните луѓе“, изјави Трифун Костовски  во претходно интервју. 

Трифун беше дел од гостите на концертот на покојниот босански кантавтор Кемал Монтено во Скопје, додека беше актуелен градоначалник, во 2007 година. „Не сум видел градоначалник што олку убаво пее“, изјави тогаш Момнетно. Пред настапот, Трифун Костовски рече дека ќе си оствари една своја дамнешна желба, да настапи со Арсен Дедиќ. Желбата му се исполни откако го покани легендарниот музичар на сцената и запејаа во дует. Негова неостварена желба е дует со Калиопи.

М.Џаровска 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.