Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“, Софка Атанасова вели дека кај нив е регистриран позитивен случај кај негувателка во објектот „Росица“ во населбата Ново Село.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 октомври, 2020 17:35

Воспитувачка и негувателка од две градинки во Штип позитивни на КОВИД-19

Фото/Текст извор: ©МИА.мк

Во штипските градинки „Астибо“ и „Вера Циривири-Трена“ регистрирани се првите позитивни случаи на коронавирусот меѓу вработени објави Миа.

Станува збор по еден случај во двете градинки. Директорката на градинката „Астибо“-Штип, Билјана Трајчевска за МИА ја потврдува информацијата и вели дека станува збор за воспитувачка, која по појавените симптоми на нејзиниот сопруг минатиот петок, побарале да се тестираат во приватна клиника. Вчера се тестирале, а резултатите пристигнале синоќа, по што епидемиолозите веднаш во изолација ја ставиле нејзината колешка негувателка и 12 деца од групата.

– Станува збор за централниот објект. Вработената нема симптоми, сите работат според протоколите со маски и не се контактира со останатите групи и затоа ова не повлекува и други вработени или деца да се стават во изолација, вели Трајчевска.

Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“, Софка Атанасова вели дека кај нив е регистриран позитивен случај кај негувателка во објектот „Росица“ во населбата Ново Село. Резултатите се добиени утринава, а нејзината колешка воспитувачка и 12 деца од групата од утре ќе бидат ставени во изолација

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.