Откако ги разбуди чувствата на јавноста

Објавил: Узунов Бобан | 26 март, 2019 18:36

Војникот од АРМ со оправдување: Фејсбукот ми беше хакиран, пораката не е моја !

Фото/Текст извор: ©магазин

Некој ми го хакирал Фејсбук профилот или направил паралелен како да е мој и ја напишал недоличната порака „да му даде Нобелова награда за храброст на напаѓачот во Нов Зеланд“, вели професионалниот војник Татјана Лазаровска од Битола. Таа деновиве е на удар на социјалните мрежи, каде е критикувана дека шири говор на омраза.

Лазаровска, која десет години работи во АРМ, вели дека таа не е автор на таквата порака и случајот веќе го пријавила во СВР Битола. 

Каков е мотивот за овој фејсбукс статус и дали овој случај ќе значи и кривчна одговорност за говор на омраза освен дисциплинска за Лзаревска ?

„Претходно имав ситуација на работа и разговарајќи со старешини им кажав дека ми се бришат и се додаваат личности од фејсбук, но не обрнував внимание зашто јас немам некои информации да пренесувам таму. Не ни помислив дека до вакво нешто може да дојде. Како припадник на АРМ ми е непријатна цела ситуација и срамно е. Како православен христијанин сметам дека не е долично, припадниците на православната вера знаат дека ние верниците не се повикуваме на убиство и насилство врз која било вера и нација“, вели Лазаровска.

Таа не го забележала статусот на Фејсбук, но ѝ паднало чудно кога почнале да ѝ стигнуваат пораки со заканувачка содржина. Дури отпосле нејзина пријателка и колега ѝ предочиле што е објавено на интернет. По ова се соочила со море од критики на социјалните мрежи и повици таа да биде отпуштена од работа што и дало чувство како да е осудена без да биде сослушана.

„Мојот вистински Фејсбук профил го избришав зашто имаше безброј закани дека ќе ме убијат. За мојот живот не стравувам зашто јас сум верник и верувам дека ќе биде како сака Бог. Како професионален војник сум загрижена за угледот кој ми е загрозен. Во 2003 година многу мажи што требаше да одат во редовна војска не одеа, а јас се пријавив како бранител на мојата држава. И затоа ми е важно да се знае дека работам професионално и дека повикот ми е многу важен“, вели Лазаровска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести