Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон

Објавил: Македонка Димкин | 3 јуни, 2020 9:29

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Фото/Текст извор: ©вашингтон пост

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон откако во градот продолжија протестите против полицискатата бруталност и расизмот.

– Тие се распоредени во воените бази во областа околу главниот град, но не и во самиот Вашингтон – рече портпаролот на Пентагон, Џонатан Рат Хофман.

 

Тој соопшти дека војниците се во состојба на засилена готовност.

Во САД продолжуваат протестите против полициската бруталност и расизмот во државниот систем, поттикнати од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

Градовите се подготвуваат за потенцијални нови немири по заканите на претседателот Трамп за употреба на сила за да се разбијат демонстрантите.

Републиканскиот претседател претходно се закани дека ќе испрати трупи во градовите и државите за да ги задушат немирите, но тврди дека поддржува мирни протести.

Како што пренесуваат американските медиуми, се чини дека сојузната влада планира пожесток одговор на новиот бран протести во Вашингтон.

– Уште посилна поддршка за законот и редот ќе биде обезбедена вечерва – рече во вторникот генералниот правобранител Вилијам Бар.

„Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименуван извор од Министерството за правда, пишува дека Бар во поднеделникот побарал полицијата да ги растера демонстрантите собрани пред Белата куќа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.