Албанската ТВ „Клан“ објави, дека во голема полициска акција 27 од лицата се веќе приведени, и оти е во потрага по останатите 11. Меѓу уапсените има и тројца поранешни градоначалници.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јануари, 2020 10:58

Во Албанија издадени 38 наредби за апсење поради последиците од земјотресот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Потерници за 38 лица издадоа албанските обвинители поради непочитување на прописи при градба на згради. Обвинителите издадоа потерници на општински службеници, локални лидери и инженери, осомничени за фалсификување документи и издавање дозволи за нестабилни згради што придонесе за уривања и оштетувања во Тирана и околните општини во земјотресот од 26 ноември.

Над 50 жртви, уништени 6000 домови, отселување, вознемиреност, страв, се последиците од силниот земјотрес кој го погоди дел од Балканскиот полуостров на 26 ноември годинава со епицентар во близина на Драч Албанија.

Албанската ТВ „Клан“ објави, дека во голема полициска акција 27 од лицата се веќе приведени, и оти е во потрага по останатите 11. Меѓу уапсените има и тројца поранешни градоначалници.

Страшниот земјотрес кој однесе над 50 жртви во Албанија се случи на 26 ноември. Најмногу уривања имаше во близина на епицентарот на брегот на Јадранското Море, претежно во градовите Драч и Туман.

Слична акција неодамна беше преземена и во Драч, каде беа уапсени 18 лица,но пола од нив беа ослободени.

Силниот земјотрес кој однесе многу жртви беше со јачина од 6.4 степени  Над илјада лица се повредени и се уште се во болница.

Над 50 жртви, уништени 6000 домови, отселување, вознемиреност, страв, се последиците од силниот земјотрес кој го погоди дел од Балканскиот полуостров на 26 ноември годинава со епицентар во близина на Драч Албанија.

Во Тирана, 15 згради се целосно уништени, 239 оштетени и осум згради не се во употреба.

 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.