Поради тоа прво бил ставен на респиратор, а по конзилијарното мислење на тимот доктори од „Аџибадем Систина“ и инфектолог од ГОБ „8-ми септември“, пациентот бил префрлен на ЕКМО апаратот, кој всушност бил пресуден за неговото преживување.

Објавил: Владо Марин | 5 септември, 2020 13:50

ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ СПАСЕН ЖИВОТОТ НА 45 ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ ЗАБОЛЕН ОД КОВИД-19 СО ЕКМО ТЕХНОЛОГИЈА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Со примена на ЕКМО технологија во Kлиничката болница „Аџибадем Систина“ е спасен животот на 45 годишен пациент заболен од Ковид-19. Астрит Селимај бил примен во исклучително тешка здравствена состојба со прилично напредната ковид–пневмонија.

Поради тоа прво бил ставен на респиратор, а по конзилијарното мислење на тимот доктори од „Аџибадем Систина“ и инфектолог од ГОБ „8-ми септември“, пациентот бил префрлен на ЕКМО апаратот, кој всушност бил пресуден за неговото преживување.

Астрит е првиот пациент во Македонија кој е излекуван од Ковид-19 со примена на оваа технологија.

За неговото здравје се погрижи искусен тим доктори од болницата „Аџибадем Систина“ – д-р Митко Караѓозов, шеф на тораковаскуларна хирургија, проф. Д-р Александар Николиќ, шеф на кардиохирургија, д-р Димче Славевски, шеф на кардиохируршка анестезија, д-р Никола Шиков, шеф на општа – интензивна нега, д-р Хараламбос Сидиропулос, специјалист по инфектологија и д-р Патриција Каламарес, инфектолог од ГОБ „8-ми Септември“.

AcibademSistina EKMO pacient

За првпат кај пациент со Ковид-19 е применета технологија на ЕКМО која ја поседува Клиничка болница „Аџибадем Систина“. ЕКМО-машината му овозможи на пациентот да преживее, состојбата со белите дробови се подобри, ЕКМО апаратот се исклучи, по што пациентот дишеше на респиратор. Откако и со респиратор состојбата се подобри, параметрите беа во граница на нормала се исклучи и респираторот, пациентот се врати во нормален живот. И еве за среќа, за наша голема радост си оди дома. Горди сме затоа што “Ацибадем Систина“ уште еднаш докажа дека е голема болница со врвна технологија и медицина и дека може да се справи и со најтешките компликации коишто ги предизвикува Ковид-19“, истакна Шефот на тораковаскуларна хирургија во „Аџибадем Систина“, м-р. д-р Митко Караѓозов.

Д-р Димче Славевски шефот на кардиохируршка анестезија вели дека ЕКМО апаратот е последна опција и шанса за живот за критично болните од Ковид-19.

„Кога кај пациентот дури ни респираторот не може веќе да се обезбеди доволна оксигенација на организмот останува само ЕКМО апаратот, кој всушност е замена за белите дробови на организмот. Значи, во фаза кога респираторот веќе не можеше да обезбеди адекватна оксигенација на пациентот, конзилиумот доктори одлучи да му дадеме шанса и да го ставиме на ЕКМО машина, односно на вено-венска екстракорпорална мембранска оксигенација, која ја земнува работата на белите дробови“ изјави д-р Славевски.

AcibademSistina EKMO pacient

ЕКМО апаратот е нова надеж во третманот на тешко болни пациенти со Ковид-19, вели инфектологот од ГОБ „8-ми Септември“ Патриција Каламарес. Таа смета дека заедно со тимот од „Аџибадем Систина“ постигнале огромен успех во третманот и лекувањето на коронавирусот.

„Клиничката болница „Аџибадем Систина“ болницата е прва на Балканот којашто го примени ЕКМО апаратот за лекување на ковид пациент. Без ЕКМО технологијата, пациентот немаше да преживее. Отсега па натаму сметам дека овој апарат ќе се применува и при лекувањето на други пациенти со тешки компликации. ЕКМО паратот е единствената машина која може да му подари нов живот на пациентот“, вели д-р Каламарес.

AcibademSistina EKMO pacient

По 25 дена борба за живот, 45-годишниот Астрит конечно, со насмевка на лицето, заминува кај своето семејство. Немал претходни заболувања, ситуацијата со коронавирусот му се влошила многу брзо, а докторите од „Аџибадем Систина“ му го спасиле животот!

Дојдов на 10 август со ваше возило. Му благодарам на Господ, лекарите и сиот персонал за целосниот третман тука, а посебна благодарност до Д-р. Никола Шиков, кој најмногу се грижеше за мене. Пресреќен сум што се враќам дома кај семејството по 25 дена. Немав други заболувања. Не сум бил болен од ништо друго“, рече 45-годишниот пациент.

Скоро еден месец траеше борбата за живот на Астрит. Благодарение на ЕКМО технологијата и искусните доктори од „Аџибадем Систина“ тој сега е во добра здравствена состојба.

„Ќе му треба период на рехабилитација, но сите анализи покажуваат дека е во добра кондиција, вели Никола Шиков, специјалист по анестезиологија со интензивно лекување“

AcibademSistina EKMO pacient

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ нуди врвна нега за лекување и третман на ковид-пациенти, со максимална безбедност во посебно-изолиран дел во болницата наменет само за третман на позитивни пациенти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...