Ќе биде и претежно тивко па токму поради ова, по одделни котлини ќе има појава на магла и на ниска облачност.

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 ноември, 2020 6:51

ВО ВТОРАТА ПОЛОВИНА ОД ОВАА НЕДЕЛА ИАКО СТАБИЛНО, СЕПАК ПО ОДДЕЛНИ КОТЛИНИ МАГЛИВО И ПОСТУДЕНО

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Под влијание на стабилна и сува воздушна маса, и во текот на следните неколку денови времето ќе биде стабилно, суво и сончево со сосема мала локална облачност.

Ќе биде и претежно тивко па токму поради ова, по одделни котлини ќе има појава на магла и на ниска облачност.

За време на викендот ќе има зголемување на облачноста, а одсега гледано условите за врнежи ќе започнат да растат во недела попладне и навечер.

Максималните дневни температури ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16, 17 степени, додека во местата со магла ќе се задржи постудено.

Во Скопје продолжува периодот на стабилно и суво време, но ќе започнат да растат условуте за магла и ниска облачност. Максималната дневна температура ќе се искачува  во интервалот од 6 до 8 степени.

Минималните температури пак на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, додека на некои места истите ќе се спуштаат и под -5 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...