Свекрвиното оро, го води свекрвата со погача на главата.

Објавил: admin@magazin | 13 јули, 2019 10:45

ВО ГАЛИЧНИК ДЕНЕС ПИШТАТ ЗУРЛИТЕ И ЕЧАТ ТАПАНИТЕ!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Петровденската Галичка свадба е богата со многу оригинални, единствени и неповторливи свадбарски обичаи и ритуали, автентични за галичкиот крај, со неверојатно културно, културолошко, антрополошко и традиционално значење за македонскиот народ и традиција.

Нарочува бело Менде, порочува:
„Како знојеш, аџи Павле да си дојеш“.
Да си доеш, аџи Павле пред Петровден,
пред Петровден, аџи Павле, две недели.
Ако не доеш, аџи Павле, пред Петровден,
ќа го најеш бело Менде оможено.

Во центарот на вниманието и на годинешната најпозната македонска свадба се галичката невеста Марина Петровска и младоженецот Огнен Караѓозовски, кој по потекло е од Галичник.

Така се пеело претпетровденски, со децении па и векови наназад, на падините на раскошната Бистра, во чии пазуви, во срцето на мијачијата, се красат куќите на легендарното Галичник.

А галичките свадби, секоја година токму на Петровден ги збирале печалбарите од овој крај, од сите страни на светот, да бидат со своите најблиски и да ја продолжуваат вековната традиција на петровденските свадби во Галичник, пишува таратур.

Доаѓањето на свирачите, со зурли и тапани.

Чекањето на тапаните, китењето на бајракот, вечерното одење на вода, канењето на мртвите, свекрвиното оро, носењето на невестата на вода, поставувањето на свадбарскиот бајрак, бричењето на зетот, земањето на невестата, замесувањето на лебот, венчавањето во црквата „Св. Петар и Павле”, и други обичаи кои денес живеат само во повеќе од 40-годишната културна манифестација „Галичка свадба“, во себе содржат и кријат многу детали од животот на Галичанецот во минатото.

Свекрвиното оро, го води свекрвата со погача на главата.

Така беше и оваа година во Галичник, на уште едно потсетување и оживување на вековната традиција, низ адети, ритуали, церемонии и веселба од кои извира и пее духот на македонската народна душа.

А месечевиот срп пополека се издига високо над врвовите од Крчин.

Од самото срце на Галичник, од центарот на мијачкиот регион и еден од изворите на духот на Бистра Планина, низ фотографии се потсетуваме и во живо сеќавање ги одржуваме спомените за традицијата, битот и духот на овој народ, кои се непресушно и непроценливо богатство на македонскиот културен идентитет.

Последно одење на вода на невестата од татковиот дом

Галичник се буди свеж во свадбеното, свечено утро

Враќање од канењето на мртвите

Бричење на зетот

Одење по невестата, на чело со бајрактарот

Другарите на зетот го обиколуваат Галичник на коњи

Носење на чеизот во куќата од зетот

Доаѓање на невестата на коњ

Се заигра Невестинското оро

Писна и Тешкото оро

Тешкото

Мајовци – гордоста и врвот на фолклорниот израз на мијачијата и еден од симболите на Галичката свадба

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани