Оваа провинција, во претходните години била погодена од повеќегодишна суша.

Објавил: admin@magazin | 6 април, 2019 12:05

Во големи поплави во Иран загинаа најмалку 70 лица!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Иранските власти соопштија дека најмалку 70 лица загинаа во големите поплави кои ја зафатија југозападната провинција Кузестан во Иран.

Министерот за внатрешни работи, Абдолреза Рамани Фази изјави дека околу 400.000 лица се загрозени и изложени на евакуација во оваа провинција, која брои околу пет милиони жители. Во девет градови и десетина села се евакуираат жителите, јави „АП“.

Оваа провинција, во претходните години била погодена од повеќегодишна суша.
Загрозените жители на Кузестан, спасувачките екипи ги пренесоа до три воени касарни а исто така се згрижени и во најблиските засолништа.

Иранската Влада исто така пред два дена нареди евакуација на 70 села поради опасност од поплави во провинцијата Кузестан која е богата со нафта.
Селата се наоѓаат во близина на реките Дез и Карке.

Најмалку 47 лица загинаа во последните две недели во поплавите кои, поради најобилните врнежи во последните 10 години погодија повеќе ирански провинции, од северот до југот на земјата.

Во неколку провинции е прогласена вонредна состојба, а десетици илјади луѓе мораа да се евакуираат.
Властите во Техеран апелираа на граѓаните да не се доближуваат до реките и областите во близина на брани. Обилните поплави погодија најмалку 26 од 31 провинции во Иран од почетокот на врнежите на 19 март.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...