Идејата е да се направат тестовите во земјите од каде доаѓаат туристите, така што луѓето во авионот би можеле да се чувствуваат побезбедно знаејќи дека сите патници се негативни.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 мај, 2020 20:00

ВО ГРЦИЈА САМО СО НЕГАТИВЕН ТЕСТ НА КОРОНАВИРУС- Еден тест ќе чини 190 евра?

Фото/Текст извор: ©kalimera.news

Грчкиот министер за туризам изјави дека сите туристи кои планираат да ја посетат Грција оваа година, ќе треба да бидат тестирани за вирусот Корона. Бидејќи сезоната започнува на 1 јули, туристите ќе треба да имаат негативен тест пред да се качат во авионот, а претпоставката е дека истото ќе важи и за туристите кои доаѓаат со автомобил.

Грција, најпопуларното лето одморалиште за Балканците, според некои најави, ќе ги отвори своите граници за странските туристи од 1 јули, но конкретните протоколи за безбедно патување сè уште се во очекување.

Идејата е да се направат тестовите во земјите од каде доаѓаат туристите, така што луѓето во авионот би можеле да се чувствуваат побезбедно знаејќи дека сите патници се негативни.

Туристите доаѓаат во Грција на одмор за да се релаксираат. Тие не треба да размислуваат дали некој што сонча неколку метри од нив е заразен со вирусот корона – рече министерот Хари Теохарис.

Ккао што објави грчкиот Репортер, епидемиолозите сè уште не донеле конечна одлука. Според германскиот весник Фаз, тест за коронавирус на аеродромот во Виена чини 190 евра. Според ова, едно семејство од четири лица ќе мора да плати дополнителни 1.500 евра ако тестирањето треба да се изврши при заминување и враќање од Грција.

Теохарис призна дека овој дополнителен трошок ќе биде клучен за повеќето туристи кога ќе решаваат дали да дојдат во Грција, но изрази надеж дека производството на тестови, што ќе чини до 10 евра по човек, ќе започне до јули.

Се вложуваат многу ресурси за да се направат тестовите поевтини и подостапни за секого. Тестирањето, најверојатно, нема да биде потребно по враќањето од Грција – истакна тој.

Грција е во подобра позиција кога станува збор з акоронавирусот, таа успешно се бори против пандемијата во однос на другите земји. Нашиот број е многу помал отколку во другите европски земји. Поради оваа причина, верувам дека дополнително тестирање по враќањето од Грција нема да биде потребно – објасни Хари Теохарис.

Грчкиот министер ги повика европските власти да донесат заедничка одлука за прашања поврзани со туризмот оваа година.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.