Мажот кој се обидел да украде храна наменета за погодените од пожарите е приведен а неговиот соучесник избегал

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 август, 2018 11:19

Во Грција уапсен маж во обид да украде хуманитарна помош за погодените од пожарите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Грчката полиција уапси 37-годишен маж додека се обидувал да украде пакети со храна наменета за погодените од катастрофалните пожари во источниот дел на областа Атика.

Чуварот на спортската сала во која се собира хуманитарна помош во населбата “Неа Макри” забележал две сомнителни лица и веднаш ја известил полицијата.

По брзата реакција полицијата го уапсила 37-годишниот додека пак лицето кое било со него успеало да побегне.

Во паркираниот автомобил на уапсениот биле пронајдени два пакета со храна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.