Утринскиот биланс на жртви поразителен за сите кои помагаат

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 јули, 2018 6:38

Во Грција 85 жртви над 300 повредени и 10 во животна опасност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос тивко ја потврди информацијата на Црвениот крст на Грција и противпожарните единици дека во текот на ноќта билансот на жртви од огнената стихија се искачил на 85 – дека има над 300 повредени од кои 10 се во животна опасност но и дека материјалните штети кои сега не се примарни се огромни.

Пожарот кој започна во поширокиот регион на Атина во областа Атика се појави ненадејно и се ширеше со екстремна брзина. Грчките власти се сомневаат дека пожарот можеби е и подметнат но стои и фактот дека во овој регион беа забележани пеколни температури изминатите три седмици. Во Грција помош за локализирање и гаснење на пожарот пристига од сите страни од светот.

“Ова не се моменти кога треба да застанеме. Треба да се провери секоја опожарена куќа – секое опожарено место – секое опожарено возило но и целото крајбрежје во регионот на Атика.” – ја повтори својата изјава доцна синоќа премиерот на Грција – Ципрас.

Во Грција е прогласена тродневна жалост во помен на жртвите од пожарите.

Владата на Република Македонија на 81-та седница донесе одлука да испрати финансиска помош во висина од шест милиони денари на Република Грција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.