Главниот збор за заедничкиот кандидат за претседател ќе го има Ахмети, но сепак битни се мислењата и на Бујар и на Артан

Објавил: Данаил Михајловски | 28 февруари, 2019 21:42

Артан, Теута и Бујар со различни желби кој да биде кандидатот за претседател

Фото/Текст извор: ©магазин

Фаворит на Артан Груби за заеднички кандидат со СДСМ за претседател на државата е Никола Димитров. Причината е едноставна, доколку Димитров ја напушти владата, Артан себе си се гледал како иден министер за надворешни работи на Р.С. Македонија. Нашиот извор од ДУИ тврди дека Теута Арифи била незадоволна што Шеќеринска веќе не во игра за претседателски кандидат, но од оние што сеуште се во финале, нејзиниот фаворит сега бил Стево Пендаровски, кого лично го смета за политичар кој има најкоректен став кон Албанците во Македонија.

Артан Груби посакува заеднички кандидат за претседател да биде Никола Димитров, за тој да може да биде министер за надворешни работи. Изненадување за многумина бил ставот на Бујар Османи кој рекол дека во Вилма Трајковска, сопруга на покојниот претседател Борис Трајковски, гледа соодветен заеднички кандидат за претседател, бидејќи таа имала коректни односи и со СДСМ, и со ДУИ, има олдични односи со американците, а може да очекува и одредени гласови и од симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Челникот на ДУИ Али Ахмети засега не се изјаснувал, но ги прашувал своите соработници за мислење. Тој вчера по средбата со премиерот Зоран Заев во Собранието истакна дека се договориле на претседателските избори да учествуваат со заеднички кандидат, а името ќе го соопштат утре. Неговиот близок соработник и член на раководството на ДУИ, Невзат Бејта, навивал за Оливер Спасовски, бидејќи сметал дека во таа комбинација СДСМ нема да може да привлече многу неопределени гласачи, па ДУИ уште повеќе ќе му треба на Заев. А штом СДСМ ќе има поголема потреба од ДУИ, тоа подобри се шансите ДУИ да си побара што повеќе позиции и влијание во извршната власт, како против услуга. Која опција на крајот ќе преовладее, ќе дознаеме утре, а спорет тоа ќе може да се мери и влијанието на Артан, Бујар, Теута и Невзат во одлучувањето во ДУИ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.