Видеото насловено „Дали може да се купи австрискиот вицеканцелар“, го снимиле новинари на „Шпигел“, кои во соработка со колеги од „Зидојче Цајтунг“, му го наместиле целиот случај.

Објавил: admin@magazin | 18 мај, 2019 16:29

Во Европа после контраверзни снимки следува оставка, во Македонија после КОКАИН правдање!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе денеска поднесе оставка на функцијата, откако синоќа беше објавена видео снимката на која се гледа како тој за бизнис услуга бара финансиски надомест од девојка која се претставува како внука на руски олигарх.

Додека во Австрија канцелари даваат оставки поради контроверзни снимки, во Македонија за нарачки на дроги гајле си немаат. Пред неколку денови се појави снимка од профил со псевдоним „Илија Громовник“, во која се слуша гласот на пратеникот Павле Богоевски како нарачува дрога. Павле Богоевски веднаш по објавувањето на снимката призна дека нарачувал дрога- канабис за блиска личност.

После неколку денови во исчекување, Богоевски се уште не поднел оставка на пратеничкото место, во која се надевавме дека барем од морални причини ќе го напушти своето место како пратеник.

Следеа многу реакции, досега актерот Дац побара оставка од Павле на Фејсбук, а и ВМРО-ДПМНЕ побараа Заев да му побара оставка и Павле да се тестира за дрога.

Додека пак Австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе денеска поднесе оставка на функцијата, откако синоќа беше објавена видео снимката на која се гледа како тој за бизнис услуга бара финансиски надомест од девојка која се претставува како внука на руски олигарх.

Штрахе по денешната средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека на првиот човек на Владата му ја предал својата оставка, во обид да ја спаси коалицијата меѓу неговата екстремно десничарска Слободарска партија на Австрија (ФПО) и конзервативна Австриска народна партија (ОВП) на Курц. Иако инсистира дека не прекршил никаков закон, Штрахе призна дека е „крајно засрамен“ од снимката што синоќа ја објави германскиот магазин „Шпигел“.

Видеото насловено „Дали може да се купи австрискиот вицеканцелар“, го снимиле новинари на „Шпигел“, кои во соработка со колеги од „Зидојче Цајтунг“, му го наместиле целиот случај на Штрахе.

Штрахе им се извини на неговата сопруга и на поддржувачите за, како што го нарече, „мачо однесувањето под дејство на алкохол, со цел да се импресионира атрактивна жена“.

– Се однесував како тинејџер – додаде Штрахе, кој нагласи дека објавувањето на снимката претставува „таргетиран политички напад“ изведен од страна на „криминални мрежи“.

Австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе денеска поднесе оставка на функцијата, откако синоќа беше објавена видео снимката на која се гледа како тој за бизнис услуга бара финансиски надомест од девојка која се претставува како внука на руски олигарх.

На видео снимката, направена на 24 јули 2017 година на шпанскиот остров Ибица, наводната внука на рускиот олигарх вели дека сака да инвестира 250 милиони евра во Австрија и тоа не преку банка и по легален пат, при што во неколку наврати напоменува дека станува збор за „илегални пари“.

Штрахе и Гуденус и ветуваат дека ќе и помогнат во инвестирањето, доколку финансиски ја поддржи нивната ФПО. Оваа снимка е направена во пресрет на ланските парламентарни избори во Австрија.

Штрахе и објаснува на девојката дека парите не треба директно да и ги даде на партијата, туку преку едно здружение, напомнувајќи дека истото го правеле и други партиски поддржувачи, споменувајќи ги тука сопственикот на компанијата „Глок“, Гастон Глок, фирмата „Новоматик“ и олигархот Рене Бенко. 

Извори од ФПО изјавија дека Штрахе утре ќе поднесе оставка и на местото лидер на партијата.

Штрахе на средбата со Курц му пренел дека ФПО сака да ја продолжи коалициската соработка со неговата ОВП на канцеларот, со тоа што на нејзино чело наместо него би застанал актуелниот партиски потпретседател и австриски министер за инфраструктура и сообраќај Норберт Хофер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести