Ципрас со сите почести беше пречекан од владината делегација предводена од вицепремиерката Радмила Шекеринска, пишува Макфакс.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 април, 2019 10:33

ВИДЕО:Ципрас пристигна на аеродромот во Скопје-погледнете како беше пречекан

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Грчкиот премиер Алексис Ципрас пристигна на скопскиот аеродром. Ова е прва официјална посета на еден грчки премиер и затоа оваа средба е од историско значење.

Ципрас со сите почести беше пречекан од владината делегација предводена од вицепремиерката Радмила Шекеринска, пишува Макфакс.

Во делегацијата што го придружувагрчкиот премиер за време на посетата на Скопје, покрај министри во Владата, се и претставници на десетици големи и средни грчки компании.

Во чест на средбата Заев Ципрас вчера на владата осамна и табла со новото име каде називот „Влада на Република Северна Македонија“ е преведен на три јазици, на македонски, албански и англиски.

Ципрас потенцира дека посетата е од историско значење, базирана на нова стратешка визија за двете земји, открива дека ќе дојде со десет министри и ќе се потпишат низа договори во различни области.

Премиерот Зоран Заев, претходно најави дека на средбата ќе се разговара за 30 точки, а најголем акцент ќе се даде на економијата. Заев најави средба на стопанските комори од двете земји и посочи дека во фокусот на разговорите се економијата, енергетиката, културата, здравството, образованието, социјалната заштита додавајќи дека двете земји очекуваат економски придобивки од Договорот од Преспа.
Инаку поради доаѓањето на грчкиот премиер Ципрас, во Скопје денес има времен сообраќаен режим од 9:30 до 20 часот. Предвидено е по средбата Заев и Ципрас да се упатат на ручек кон Капиштец, а се уште нема информации за можна посета на претседателот Ѓорѓе Иванов или пак со лидерот на ВМРО Христијан Мицковски.
 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.