Да потсетиме, Бајден беше прогласен за претседател откако беше објавено дека ги освоил Пенсилванија и Невада и со тоа добил доволен број изборни гласови.

Објавил: Перо Милчин | 8 ноември, 2020 2:31

ВО ЖИВО- ЗА ПРВ ПАТ КАКО АМЕРИКАНСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ, БАЈДЕН СЕ ОБРАЌА ПРЕД НАЦИЈАТА!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Новиот американски претседател Џо Бајден ќе и се обрати на нацијата во сабота во 20 часот по локално време или во 02 часот од неговиот имот во Вилмингтон!

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп одбива да го признае поразот на претседателските избори, а во своите најнови твитови од ноќта кон неделата по македонско време повторно инсистираше на тоа дека тој е победник и повторно предупреди на нерегуларностите при броењето на гласовите.

„ГИ ДОБИВ ИЗБОРИТЕ, ОСВОИВ 71.000.000 ЗАКОНСКИ ГЛАСОВИ“, објави Трамп!

Неколку минути откако големите телевизиски мрежи го прогласија Бајден за победник по четири дена стотици луѓе, повеќето од нив носеа маски за да спречат ширење на Ковид-19, се упатија кон Белата куќа за да слават пред безбедносната ограда додека се слушаше звук на огномет.

Да потсетиме, Бајден беше прогласен за претседател откако беше објавено дека ги освоил Пенсилванија и Невада и со тоа добил доволен број изборни гласови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.