Австралискиот екстремист (28) отвори оган на џамијата АЛ Хур на Нов Зеланд во градот Крајстчер. Пукал на деца, а за сега се потврдени 40 жртви.

Објавил: admin@magazin | 15 март, 2019 9:50

ВО ЖИВО : Масакр во две џамии во Нов Зеланд – има 40 мртви, убиецот настанот го пренесувал во живо на фејсбук

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во градот Крајстчерч на Нов Зеланд непознати лица утрово отворија оган на две џамии. Медиумите пренесуваат дека до сега има 40 мртви.

На лице место е испратена војска кој ги деактивира експлозивните направи кои беа пронајдени во возилата на приведените во близина на џамиите.

Како што пишуваат локалните медиуми некои од терористите носеле облека која потсетува на војна униформа. Австралискиот премиер Скот Морисон потврди дека еден од четворицата уапсени терористи на нападот на џамиите на Нов Зеланд, е државјанин на Австралија и за него рече дека е екстремиста, десничарски, насилен терорист.

Убиецот крвавиот чин го пренесувал во живо на Фејсбук.

Премиерката на Нов Зеланд Јасинда Ардерн го осуди нападот и додаде дека оваа терористичка ситуација претставува страв за граѓаните за Нов Зеланд. Таа додаде дека ова е најцрниот ден во историјата на Нов Зеланд.

Полицијата наведе дека не се знае точен број на жртвите и додаде дека нападите се случиле на две џамии, додека биле внатре полни со верници.

08.10 Австралискиот екстремист (28) отвори оган на џамијата АЛ Хур на Нов Зеланд во градот Крајстчерч. Пукал на деца, а за сега се потврдени 40 жртви. Убиецот се претставил како Брентон Тарант од Графтон во Австралија. 

09.00 Убиецот Брајант Тарант и еден од уапсените рече дека како главен мотивирачки лик за оваа ситуација, му бил Норвежанецот Андерс Брејвик, кој во 2011 година уби 77 лица во кампот на лабуристичката младина на норвешкиот остров Утој. 

Убиецот цел масакр го пренесувал во живо и покасно го објавил на Фејсбук и на Инстаграм.

Компанијата Фејсбук, видеото покасно го извади, а камерата убиецот ја носел на шлемот.

09.25 –  Најмалку 48 жртви од пукањето побарале помош во околните болници. Повеќето имаат сериозни рани по телото, а има и оперирани. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...