Протестниот марш е дел од најавеното жешко лето на ВМРО-ДПМНЕ

Објавил: admin@magazin | 8 јули, 2018 12:54

ВО ЖИВО: Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

ВМРО-ДПМНЕ го повика граѓаните на Струмица и регионот денеска да им се придружат на протестниот марш кој ќе започне за дваесеттина минути.

Протестниот марш е дел од најавеното жешко лето на ВМРО-ДПМНЕ. Струмица е местото од каде потекнува актуелниот премиер Зоран Заев. Праксата на лошо владеење овде трае 13 години. Сега пресликана од локално на национално нив. Тој политикански модел се води од лични и партиски интереси.Неуспешните преговори и потпишаниот договор резултираа со катастрофа на националните интереси. премиеро лично ја води реформата на праводусниот систем додека во република Македонија се крши Уставот, се донесуваат порачани судски одлуки, партиски мотивиран прогон. Видивме какви интриги користат органите за задолжени да обезбедат ред и поредок. немањето идеја како да се управува со економијата го води стопанството во крах. на сите одржани средби граѓаните од регионов го изразуваа незадоволството и очајот. Ги бараат ветените 500 евра плата, ги нема ниту ветените 100.000 плата за лекарите, младите се иселуваат од земава додека нашиот регион доректно е загрозен од неспособната политика за земјоделието. Затоа ги повикуваме граѓаните од Струмица и и регионот да ни се придружат и заедно да ја поразиме оваа ненародна власт, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.