Ваквиот протест следува откако пред некој ден битолчанец беше брутално претепан со клоци и пендрек од страна на полициски службеник!

Објавил: Владо Марин | 26 септември, 2020 12:51

ВО ЖИВО: Протест против полициската бруталност во Битола

Фото/Текст извор: ©ТВ 21/Магазин.мк

Граѓаните на Битола денеска излегоа на протест против полициската бруталност.

Ваквиот протест следува откако пред некој ден битолчанец беше брутално претепан со клоци и пендрек од страна на полициски службеник!

Имено, во текот на вчерашниот ден министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конференција посочи дека поднесена е кривична пријава и суспензија за полицаецот, а суспендиран е и уште еден полицаец, кој бил присутен за време на инцидентот.

Денеска Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција- Одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања поднесе кривична пријава против П.Г., полициски службеник вработен во СВР Битола поради основано сомнение дека сторил кривично дело малтретирање во вршење на служба предвидено во чл. 143 од Кривичниот законик поради неоснована употреба на физичка сила врз Ј.Н. од Битола, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес конференција.

Воедно против истиот полициски службеник е поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспензија од работното место.

И против полицискиот службеник К.Г. кој непосредно бил присутен на местото на настанот и не преземал мерки за спречување на неоснованата употреба на физичка сила е поведена дисциплинска постапка и е суспендиран од работното место, рече вчера Спасовски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести