Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Објавил: admin@magazin | 2 април, 2022 10:06

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Фото/Текст извор: ©slobodna evropa

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики и незадоволството на земјоделците ги бркаат младите од селата, а со тоа прети опасност дека во следните децении нема да има кој да произведува храна во земјава.

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Може да произведува и големи количини пченка и пченица, ама поради ниските откупни цени, вели дека со години работи со загуби. Лани пченицата ја дал за 11 денари по килограм, а годинава со вртоглавиот раст на вештачките ѓубрива и нафтата, пресметал дека само призводството ќе го чини 22 денари, за килограм пченица.

Жетва во овчеполското село Сарамзалино во близина на Свети Николе во 2018 година

Пченица произведуваме недоволно, а сончоглед колку за грицкање

„Ако оваа година, не се излезе во пресрет на земјоделците, да можеме некој денар барем да преживееме, во година, во Македонија ќе нема пченица. Ова го тврдам сигурно. Затоа што оваа година посеани се овие пченици што ги гледате, есента не знаевме дека вака ќе биди со вештачкото ѓубре. Јас да знаев дека вака ќе биде, немаше да посеам пченица“, вели Синани.

Нафтата, која се користи за земјоделската механизација, е поскапена за речиси двојно од лани. Недостигот од вештачките губрива и неколкукратниот раст на цената почна да се навестува со почетокот на руската воена агресија врз Украина. Русија е еден од најголемите негови производители. Ако нема ѓубриво, приносите ќе бидат уште помали, алармираат сега земјоделците.

Уште еден проблем кој влијае на производството на храна во земјава е намалувањето на обработливите земјоделски површини. Половина од територијата на Македонија е земјоделско земјиште односно 1.265.000 хектари. Од нив, според официјалните податоци во 2020 година на обработливата површина отпаднале 517 илјади хектари, додека останатите се пасишта. Но ако се има на ум дека пред триесетина години во Македонија се обработувале и до 660 000 хектари земја, излегува дека сега имаме скоро 150 000 хектари помалку обработливи!

Мемет покажува на нивите во Полог. Расцепкани се на мали парцели. Среде најплодните почва се изградени големи куќи, објекти, ресторани. Се сеќава на некои подобри времиња, кога и без субвенции, произведувал многу повеќе бидејќи имало пласман на производите и добра откупна цена. Инвестирал многу во механизација. Од земјоделие ги растел децата. Но времињата се смениле, па по него, веќе нема да има кој да ги работи плодните ниви. Неговиот син веќе му најавил дека не планира да се занимава со земјоделие.

„Имам јас фала богу кој да ме замени, меѓутоа не во земјоделие. Младите во оваа држава не гледаат иднина во земјоделие. Ако ги нема земјоделците, а земјоделците се претежно селани, тоа знали дека ако ги нема селаните , нема што да јадат граѓаните. Во центарот на Скопје не бива ни пченица, ни пченка, ни грав, не бива. Таму само пазарот се врши“, вели земјоделецот.

Младите си одат, на грбот на постарите останува целото производство

Дека еден од најголемите проблеми во земјоделскиот сектор е стареењето на работната сила- се посочува и во последната владина стратегија за развој на земјоделството. Така во 2016 година само 4% од носителите на земјоделските стопанства биле млади на возраст под 35 години. Најголемиот дел, односно 62% имале повеќе од 55 години.

Ова е сериозен проблем во производството на храна, забележува и професорот Драги Димитриевски од Институтот за агроекономика. Посочува дека младите од економски причини ги напуштаат руралните области, а возрасните не можат сами да ги обработуваат нивите и да го искористат сиот нивен капацитет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...

Премиерот Заев на настанот, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски, посака бериќетна берба и да им донесе радости и задоволство од вложениот труд на овоштарите во текот на целата година!

Заев на „Преспански Јаболкобер 2021”: Ние знаеме да го цениме и вреднуваме трудот на овоштарите

Претседателот на Владата Зоран Заев вчера во Ресен го означи стартот на манифестацијата...