Жителите на Флорида денеска се подготвуваат за ураганот Доријан, кој доби на сила на Карибите пред да почне да се движи северозападно кон американската држава.

Објавил: admin@magazin | 30 август, 2019 18:39

ВО ИСЧЕКУВАЊЕ: Флорида се подготвува за удар на ураганот ДОРИЈАН!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што соопшти Националниот центар за урагани викендов во Флорида се очекува Доријан да остане „исклучително опасен ураган”.

Жителите на Флорида денеска се подготвуваат за ураганот Доријан, кој доби на сила на Карибите пред да почне да се движи северозападно кон американската држава.

Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис ги повикува граѓаните да се подготват за најлошото.

Американскиот национален центар за урагани предвидува дека ,,Доријан” ќе биде најсилниот ураган што ја погодил земјата од 1992 година.

Ветровите на ураганот Доријан достигнуваат брзина од 175 километри на час. Доколку достигне 4. категорија со брзина на ветер од 210 км на час, штетата би можела да биде катастрофална.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.