Министерката рече дека со сет мерки за подобрување на квалитетот на стручното образование и за негова промоција меѓу младите, ќе се намали дефицитот на кадар, ќе им се помогне на младите да останат во своите родни градови и да се реализираат професионално, со што ќе се забрза и развојот на државата.

Објавил: admin@magazin | 10 мај, 2021 17:48

Во Кавадарци веќе три години успешно се спроведува дуално образование, младите да ги искористат придобивките кои тоа ги нуди

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Општина Кавадарци заедно со локалната бизнис заедница се приклучуваат кон заложбите на Владата и на Министерството за образование и наука за подигнување на атрактивноста и интересот за избор на средното стручно образование од страна на младите.

И овде средните стручни училишта во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ организираат отворени денови за идните средношколци и ги презентираат перспективите кои ги нуди овој тип на образование, од аспект на вработување и гарантирање добра иднина за секој млад човек. 

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната посета на СОУ „Киро Спанџов – Брко“ и СОУ „Ѓорче Петров“ каде, како што рече, како и во голем број средни стручни училишта во државата, за прв пат во новата учебна година се воведува концептот на дуално образование за одредени профили, а за дел, веќе постои и продолжува да се имплементира од септември преку соработка на училиштата со компании. Потсети дека компанијата Дрекселмајер веќе три години е дел од успешна приказна. 

„Младите полуматуранти од Кавадарци, па и од околните општини, имаат уште еден месец да размислат каде ќе продолжат да се школуваат, а мојот совет се токму овие средни училишта и токму дуалното образование. Верувам и дека генерациите кои  веќе поминале одредена година на образование во дуална паралелка се исклучително задоволни од начинот на стекнување на знаењата и од самите стекнати знаења и дека ќе го пренесат ова искуство на помладите и така ќе дадат еден придонес кон зголемување на бројот на ученици кои го одбираат средното стручно образование“, рече Царовска, додавајќи дека наставата во средните стручни училишта се модернизира преку воведување на повеќе практични часови и преку набавка на опрема. 

Средното „Ѓорче Петров“ е дел од земјоделските училишта за кои набавивме 11 машини за практична обука на учениците. Тој процес ќе го продолжиме и со опфат на други струки и други училишта во државата“, информираше Царовска.  

Министерката рече дека со сет мерки за подобрување на квалитетот на стручното образование и за негова промоција меѓу младите, ќе се намали дефицитот на кадар, ќе им се помогне на младите да останат во своите родни градови и да се реализираат професионално, со што ќе се забрза и развојот на државата. 

Во двете средни стручни училишта во Кавадарци е планирано да се запишат вкупно 431 ученик во прва година. Од нив, 245 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик се во СОУ “Киро Спанџов – Брко“ и тоа за машинска, електротехничка и геолошко рударски – металуршка струка, а останатите 186 во 6 паралелки на македонски јазик во СОУ “Ѓорче Петров“ за земјоделско – ветеринарна, шурмарско – дрвопреработувачка и здравствена струка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...