Тие ја прославија новата 2019 година или година на свињата и нагласија дека во Кина, свињата е последниот знак од нивниот хороскоп и е погодна за инвестиции, зголемување на финансиите.

Објавил: Перо Милчин | 6 февруари, 2019 15:08

Во Кичево се прослави нова година на Кинески начин

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Работниците од Кинеската компанија „Синохидро“- главен изведувач на работите на автопатот Кичево-Охрид, со традиционална вечера и веселба, ја пречекаа Новата 2019 година- година на свињата.

Тие ја прославија новата 2019 година или година на свињата и нагласија дека во Кина, свињата е последниот знак од нивниот хороскоп и е погодна за инвестиции, зголемување на финансиите како и успех на деловен план.

Вработените во „Синохидро“ имаа богата трпеза и убаво украсени простории и како секоја година на трпезата беше традиционалната кинеска храна, а меѓу другото трпезата беше збогатена со овошје, зеленчук, јагнешко во мед, риба, пилешко и секако кинески ориз и многу други специјалитети од кинеската кујна. Оваа година не беше организиран традиционален огномет, бидејќи многу работници беа вратени во својата земја.

Работниците од оваа компанија беа ангажирани во набавка на што повеќе намирници, како би можеле најподготвени да ја пречекаат највеселата ноќ во годината, Овој ден претставува голема значајност за Кина.

-И покрај тоа што одморот на добар дел од нашите работници се поклопи со Новата година и тие се наоѓаат во родната земја, сепак ние преостанатите работници свечено ја пречекавме Новата година.

Иако сме далеку од родната Кина, сепак заедничката дружба, традиционалните јадења и програмата што ја следиме од нашата земја, барем накратко ни овозможуваат да имаме чувство како да сме меѓу своите. Годината на свињата носи љубов, среќа и оптимизам.

Инаку годината на свињата според нашата Нова година започнува на 5 февруари и ќе трае до 24 јануари 2020 година- вели Ше Хуанмин, одговорен за највеселата ноќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.