На Клиниката за Инфективни болести во изминатото деноќие имало 20 приеми, а во ковид центарот во ГОБ 8 Септември се примени 10 нови пациенти.

Објавил: Перо Милчин | 13 ноември, 2020 20:04

ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ ВО СКОПЈЕ ЗА 24 ЧАСА ХОСПИТАЛИЗОИРАНИ 40 ПАЦИЕНТИ СО СИМПТОМИ НА КОВИД-19

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се примени нови 40 пациенти позитивни и суспектни на вирусот на ковид – 19. На интерните клиники имало вкупно10 приеми и тоа 6 во ковид центарот на Клиниката за Кожни болести и 4 пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ.

На Клиниката за Инфективни болести во изминатото деноќие имало 20 приеми, а во ковид центарот во ГОБ 8 Септември се примени 10 нови пациенти.

Од центрите се пријавени 37 оздравени пациенти кои биле пуштени дома.

На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија 25 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на корона вирусот. Во ГОБ 8 септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 157 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациенти, од кои 14 деца и 27 возрасни.

Вкупно 347 пациенти потврдени и сомнителни за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми, слободни места во моментов има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Од викендот пациенти ќе почнат да се примаат и во новите коивид центри на Клиниката за Нефрологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...