Директорот на болницата Љубен Арсенков за Канал 5 потврди дека по извршената хируршка интервенција повреденото лице е на интензивна нега.

Објавил: Рејхан Бајрами | 14 јануари, 2021 21:26

Во критична состојба е еден од застреланите во Љубош, другиот е префрлен во Клиничкиот центар

Фото/Текст извор: ©канал 5/магазин.мк

Во критична состојба е триесетгодишникот кој попладнево бил однесен во Градската болница ,,Свети Наум Охридски”, а другото лице кое било префрлено во Клиничкиот центар е надвор од животна опасност, пишува Канал 5!

Инцидентот се случил во објект во селото Љубош кога при вербална расправија меѓу четири лица било употребено и оружје.

Според информациите, потешко повредениот со автомобил кон Градска болница го возел неговиот брат, а било пукано и кон нивниот автомобил.

Кога пристигнале кај Градската болница настанал метеж откако таму пристигнале во голем број и нивни роднини по што интервенирала и полицијата.

Директорот на болницата Љубен Арсенков за Канал 5 потврди дека по извршената хируршка интервенција повреденото лице е на интензивна нега.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.